Кризата на Милан со повредени фудбалери продолжува и после репрезентативната пауза.
Милан утре во 12:30 ја пречекува Сампдорија, а тренерот Стефано Пиоли нема да може да смета на пет првотимци.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ пренесува дека за овој дуел нема да бидат во конкуренција Марио Манџукиќ, Алесио Ромањоли и Давиде Калабрија кои од поодамна имаат повреда.
За утрешниот меч поради повреда нема да го има и Рафаел Леао, а под знак прашалник е и Брахим Дијаз.
Добрата вест за тренерот Пиоли е што ќе може да смета на Анте Ребиќ, како и фактот дека Златан Ибрахимовиќ е во добра форма.