Златан Ибрхаимовиќ со два гола му донесе победа на Милан против Наполи (3:1) и така „росонерите“ остана на врвот во Серија А после осмото коло. Меѓутоа ветеранот (39) во 79. минута без контакт се сруши на тревата и се фати за бутниот мускул.
Теренот го напушти поткривнувајќи со болна гримаса, а така и одеше до соблекувалната. Тоа значеше дека повредата е сериозна, а хендикепот за Милан е голем бидејќи Златан ова сезона постигна 11 голови. Тој учинок веројатно ќе му беше и подобар ако не пропуштеше четири натпревари поради коронавриус.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден ден после натпреварот во Неапол, Милан објави во каква состојба е нивниот најдобар играч и стрелец.
„Магнетната резонанца потврди дека се работи за повреда на тетивата на бутниот нускул на левата нога и поради тоа Златан ќе мора да паузира најмалку десет дена, тогаш ќе биде направена нова контрола“, соопштија од Милан.