Милан е во потрага по квалитетен дефанзивец, бидејќи Кјаер поради повреда ќе го пропушти остатокот од сезоната.
Најголема желба на „росонерите“ е дефанзивецот на Лил, Свен Ботман, и ќе се обидат да го донесат на „Сан Сиро“ во јануари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
21-годишниот Холанѓанец игра фантастично во дресот на Лил и се промовираше во еден од најдобрите млади дефанзивци, па го привлече вминанието на многу европски гиганти.
Лил не сака да го продава на средина од сезоната и одби неколку понуди, но Милан не се откажува и ќе направи уште еден обид.
„Скај Италија“ пренесува дека најновата понуда на „росонерите“ е 30 милиони евра плус 20% од следната продажба, па сега се чека одговор од францускиот клуб.