Дома Актуелно Милан не сака да го купи Игуаин, ќе го враќа во Јуве

Милан не сака да го купи Игуаин, ќе го враќа во Јуве

Италијанските медиуми денеска пренесуваат информација дека Милан наредното лето ќе го врати Гонзало Игуаин назад во Јувентус.

Да потсетиме, Пипито во редовите на Милан стигна минатото лето на позајмица од Јувентус за 18 милиони евра, а доколку Росонерите сакаат да го откупат неговиот договор мора да платат дополнителни 36 милиони евра.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Сепак, Кариере дело Спорт пренесува дека Милан не сака да му дава плата од девет милиони евра за Игуаин до 2021. година доколку го купи, па затоа ќе се обиде да ја намали цената, а доколку не успеат, трансфер нема да има.

Да потсетиме, Игуаин во досегашниот дел од сезоната постигна седум погодоци на 13 натпревари, а против Јуве доби црвен картон поради кој ќе ги пропушти наредните два натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Каков потег: Винисиус Жуниор ја повлече „рачната“ и му сврте грб на Реал Мадрид

Бразилската ѕвезда Винисиус Жуниор реши да ги стопира сите преговори со Реал Мадрид околу …