Милан е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот и во еден ден „росонерите“ договорија два големи трансфери.
Порано денес беше потврдено дека е постигнат договор со Манџукиќ, но Милан договори уште една засилување, а станува збор за Факијо Томори од Челзи.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
„Скај Спорт“ тврди дека работата е завршена до најситни детали и дека Томори дефинитивно ќе се пресели на „Сан Сиро“.
Младиот дефанзивец ќе пристигне во Милано на позајмица до крајот на сезоната со право на откуп за 30 милиони евра. Се очекува најкасно до вторник да пристигне на прегледи и да го комплетира трансферот.
Fikayo Tomori is expected to join AC Milan next week on loan for the season with a €30m option to buy in the summer. (Source: @FabrizioRomano) pic.twitter.com/qByZU88RdL
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 17, 2021