Дома Топ вести Милан најде замена, Чалханоглу може да си оди

Милан најде замена, Чалханоглу може да си оди

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Милан е силно заинтересиран за хрватскиот репрезентативец, Никола Власиќ.

Иднината на Хакан Чалханоглу на „Сан Сиро“ е неизвесна, па Милан сака да донсе офанзивен играч за врска, кој е креативен.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Прв избор е ѕвездата на ЦСКА Москва, Никола Власиќ кој игра фантастично во руското првенство.

Власиќ може да игра на неколку позиции,  како класична „десетка“, но и како крилен фудбалер.

23-годишниот Хрват оваа сезона има постигнато 12 гола и 6 асистенции на 34 натпревари за ЦСКА Москва и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Неговата цена во моментов изнесува 30 милиони евра, а Милан веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…