Дома Трансфер зона Милан најде замена за Кеси

Милан најде замена за Кеси

Милан покажува сериозен интерес за играчот на Марсеј, Бубакар Камара, пренесуваат медиумите на Апенините.

21-годишниот играч одигра одлична сезона со Марсеј, а скаутите на Милан веќе подолго време ги следат неговите настапи и неговиот развој.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Милан сакаше уште во летниот преоден рок да го донесе на „Сан Сиро“, но Марсеј ја одби понудата на „росонерите“.

Сепак, италијанскиот клуб не се откажува и работи на тоа да го донесе Камара без обештетување бидејќи договорот на Французинот со Марсеј истекува на крајот на сезоната.

Милан во него гледа идеална алтернатива за Франк Кеси, па сака да го донесе уште во јануари за симболична сума, но треба да ја победи конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…