Дома Топ вести Милан кешира 50 милиони за ѕвездата на Лацио

Милан кешира 50 милиони за ѕвездата на Лацио

Сергеј Милинковиќ Савиќ ова лето остана во Лацио, но најверојатно ја игра последната сезона на „Олимпико“.

22-годишниот српски интернационален минатата сезона покажа дека е еден од најдобрите играчи за врска во Серија А, но Лацио ова лето ги одби сите понуди и успеа да го задржи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Јувентус ова лето покажа најсилен интерес, но италијанските медиуми тврдат дека во трката за неговиот потпис се вклучил Милан.

Милан има одлични односи со Лацио и наводно веќе започнал првични преговори со претседателот Клаудио Лотито.

Наводно „росонерите“ се спремни да платат 50 милиони евра за Србинот следното лето, сума која ќе ги задоволи апетитите на Лацио.

Сергеј заедно со Кеси и Чаланоглу ќе формира одличен среден ред кој ќе може долго време да игра заедно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…