Милан до крајот на преодниот рок сака по секоја цена да донесе крилен напаѓач, а италијанските медиуми го открија најновото име кое е на мета на „росонерите“.
Откако пропадна можноста да го ангажираат Караско и Деулофеу, Милан сега се насочува кон ѕвездата на Ница, Алан Сент – Максимин.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Станува збот за 21-годишен напаѓач кој блеска во дресот на Ница оваа сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Ница за неговата слобода бара 28 милиони евра, но Милан сака да го донесе на позајмица за 4 милиони евра, со право на откуп за додатни 24 милиони следното лето.
Преговорите се во тек, па останува да видиме дали двете страни ќе успеат да најдат договор.
Milan have inquired about Nice winger Allan Saint-Maximin, requesting to sign him on loan with option to buy. Response awaited [TMW] pic.twitter.com/aDWq78Rg4N
— Milan Eye (@MilanEye) January 30, 2019