Диего Коста сигурно ќе го напушти Челси следните денови. Пристигнувањето на Алваро Мората само го забрза разделувањето на Шпанецот и „Плавите“ и го продлабочи јазот помеѓу фантастичниот напаѓач и Антонио Конте кој кулминираше со одлуката да не го поведе на подготовките во Азија.
Познато е дека новата дестинација на шпанскиот репрезентативец ќе биде Атлетико Мадрид. Договорот на двата клупа е 45 милиони евра, но проблемот е што „Јорганџиите“ нема да можат да сметаат на Коста поради суспензијата од ФИФА за доведување на играчи која трае уште шест месеци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првобитниот план предвидуваше Диего да остане во Атлетико, да тренира и да го чека 1. јануари кога ќе биде регистриран, но во меѓувреме се појави интересна опција. Со посредство на агентот Жорж Мендеш, понудена му е можност на шест месеци да го облече дресот на Милан како позајмен играч, а дури потоа да се пресели во Мадрид.
Ова би било корисно се чини за сите три страни. Милан би добил топ напаѓач во обид да направи уште подобар тим, Коста не би загубил шест месеци во сезоната во која сака да се избори за повик на СП во Русија, би играл на натптеварите за „Росонерите“ и онака кои нема да имаат настап во ЛШ, а по групната фаза Шпанецот би можел да биде регистриран во Атлетико.