Милан и Јувентус можат да направат трампа во последните денови од преодниот рок, пренесува „Спортмедиасет“.
Милан е заинтересиран за младиот напаѓач на Јувентус, Моис Кин и сака да го доведе на „Сан Сиро“ како алтернатива за Жиру.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кин нема голема минутажа во Јувентус, но „старата дама“ не сака да го пушти на позајмица и сака да го вклучи во трампа.
Имено, Алегри е силно заинтересиран за Салемакерс, кој може да игра по целата десна страна.
Со доаѓањето на Пулишиќ и Чукуедзе неговата минутажа во Милан ќе се намали, па е можно двата клуба да направат трампа.