![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2024/06/r-800x491-1.jpg)
Милан и Тотенхем се блиску до договор за трансфер на десниот бек Емерсон Ројал, пренесуваат италијанските медиуми.
Емерсон Ројал пред три години пристигна во Тотенхем од Барселона за 30 милиони евра и одигра одлично во првите две сезони.
1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓
Оваа сезона го загуби првотимскиот статус кај новиот тренер, па Тотнхем е спремен да го продаде за сума од 20 милиони евра.
Милан веќе има договор со играчот, а преговорите со Тотехем се во напредна фаза. Се очекува трансферот да изнесува 20 милиони евра со вклучени бонуси.