Тоа што се најавуваше минатата недела, сега доби потврда од сите релевантни медиуми во Италија, Дивок Ориги кариерата ќе ја продолжи во Милан.
Ориги на крајот на сезоната ќе го напушти Ливерпул како слободен агент, а пред неколку недели започна преговори со италијанскиот гигант Милан.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Росонерите“ се во потрага по напаѓач за следната сезона, а тренерот Пиоли дал зелено светло за ангажман на Белгиецот.
Последните информации се дека двете страни постигнале договор за 4-годишна соработка, а Ориги следната недела ќе стави потпис на договорот и на „Сан Сиро“ ќе заработува 4 милиони евра по сезона.