Дома Топ вести Милан и Наполи спремаат трампа, Елмас на „Сан Сиро“

Милан и Наполи спремаат трампа, Елмас на „Сан Сиро“

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е силно заинтересиран за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и сака да го донесе на „Сан Сиро“.

Милан е во потрага по офанзивен фудбалер за врска, а тренерот Пиоли е голем симпатизер на квалитетите на Елмас.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Наполи нема лесно да се откаже од „дијамантот“, но Милан е спремен да понуди трампа, пренесува „Калчомеркато“.

Имено, Наполи е силно заинтересиран за Анте Ребиќ, во кого гледа наследник на Инсиње, а „росонерите“ се спремни да понудат трампа.

Вредноста на Елмас и Ребиќ е приближна на 30 милиони евра, па останува да видиме дали Наполи ќе се согласи на ваква трампа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…