Дома Трансфер зона Милан и Барса започнаа преговори, но за се се прашува Мончи

Милан и Барса започнаа преговори, но за се се прашува Мончи

Екипата на Барселона ќе се обиде во летниот преоден рок да го освежи својот напад. Многу фудбалери се поврзуваат со каталонскиот великан, а последното име на списокот е португалскиот репрезентативец Андре Силва.

Овој 23-годишен играч моментално е на позајмица од Милан во Севиља, каде на 36 натпревари постигна 11 погодоци.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Севиља скоро сигурно нема да го откупи за 35 милиони евра, колку што бара Милан, но затоа Барселона е спремна да ја издвои таа сума и преговорите наводно веќе започнале.

Сепак, прв избор на Барса се уште е Лука Јовиќ. За него се спрема понуда од 50 милиони евра, а ако не успеат да го донесат, скоро сигурно во дресот на Барса ќе го гледаме Португалецот.

Андре Силва како големо засилување стигна во Милан од Порто во 2017 година. Меѓутоа, во редовите на Росонерите не покажа апсолутно ништо и беше одлучено да го испратат на позајмица.

Сепак, последниот збор ќе го има спортскиот директор на Севиља, Мончи кој според договорот има опција да го откупи Силва на крајот на сезоната за 35 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…