Милан е силно заинтересиран за младиот напаѓач на Челзи, Армандо Броја, пренесуваат италијанските медиуми.
Приоритет на Милан следното лето ќе биде доведување на централен напаѓач, а на врвот на списокот е токму Армандо Броја.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
21-годишниот напаѓач минатата сезона ја помина на позајмица во Саутемтон каде одигра одлично и го привлече вниманието на „росонерите“.
Оваа сезона е во Челзи, но не добива голема минутажа, па Милан сака да ја искористи ситуацијата и во јануари да го доведе на позајмица со право на откуп.
Челзи е спремен да го пушти младиот напаѓач, но за неговиот откуп бара 35 милиони евра.
📰 #CorSport: #ACMilan are interested in Armando #Broja, who has already been approached by #ACMilan in recent months. #Chelsea's asking price is currently around €35M. pic.twitter.com/RO0ETPh7sJ
— Milan Posts 🏆🇮🇹 (@MilanPosts) September 22, 2022