Милан до крајот на преодниот рок сака да ја комплетира одбраната со искусен дефанзивец, а најголема желба е Клемент Ленгле од Барселона.
28-годишниот Французин минатата сезона ја помина на позајмица во Тотенхем, каде запиша 30 настапи, но Спарси не го откупија па се врати на „Камп Ноу“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јасно е дека за него нема повеќе место во Барселона, па Чави му порача дека слободно може да си бара нов клуб.
Милан сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе на „Сан Сиро“. Ленгле веќе дал зелено светло за трансферот, а Барса за неговата слобода бара 10 милиони евра.