Хрватскиот репрезентативец Иван Стриниќ денес и официјално го раскина договорот со Милан.
Левиот бек пристигна на „Сан Сиро“ во 2018 година како слободен агент од Сампдорија, но минатата сезона поради срцеви проблеми не одигра ниту еден натпревар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан ова лето на таа позиција го донесе Тео Хернандез од Реал Мадрид, па јасно беше дека за Стриниќ ќе нема место во тимот.
Хрватот имаше договор со „росонерите“ на уште две сезони, но денес спогодбено го раскина договорот со италијанскиот гигант,
Стриниќ ќе добие одреден бонус од Милан и како слободен агент ќе може да си бара нов клуб.