Милан сакаше да се ослободи од Анте Ребиќ ова лето и на крајот постигна договор со Бешикташ.
Ребиќ од поодамна се договори со турскиот клуб и се очекува во сабота да пристигне во Истанбул на лекарски прегледи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За да се ослободи од Ребиќ, Милан се согласи да го пушти во Бешикташ за само 500.000 евра, а со бонуси сумата може да достигне до 2 милиони евра.
Ребиќ не беше повеќе во плановите на тренерот Пиоли, а „росонерите“ од неговата плата за следните две сезони ќе заштедат 14 милиони евра.