Дома Трансфер зона Милан го најде наследникот на Ибрахимовиќ

Милан го најде наследникот на Ибрахимовиќ

Италијанскиот гигант Милан е сериозно заинтересиран за 19-годишниот напаѓач на АЗ Алкмаар, Мајрон Боаду, пренесуваат италијанските медиуми.

Младиот холандски напаѓач ги импресионираше сите минатата сезона со своите настапи, па постигна 20 гола и запиша 13 асистенции во 35 одиграни меча оваа сезона.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


И покрај младата возраст тој демонстрира огромен потенцијал, па неговата цена секојдневно расте.

Боаду има договор со АЗ Алкмаар до 2023 година, а „росонерите“ веќе започнале преговори со неговиот агент, Мино Раиола.

Милан бара млад напаѓач кој ќе биде алтернатива за Ибрахимовиќ и верува дека Холанѓанецот е идеално решение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…