Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е во пол позиција за потписот на Џовани Симеоне, кој моментално настапува во Џенова.
Синот на Диего Симеоне оваа сезона блеска во Серија А и го привлече вниманието на многу големи клубови, а медиумите откриваат дека Милан и Џенова веќе постигнале договор, па „росонерите“ први ќе имаат опција да го купат напаѓачот.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Џовани Симеоне сезонава постигна 10 погодоци, а со оглед на неговиот потнецијал реално е „росонерите“ да ја искористат можноста да го донесат на „Сан Сиро“.
Познато е дека Интер е силно заинтересиран да го донесе Диего Симеоне, па можно е за прв пат во историјата татко и син да бидат на спротивната страна во едно миланско дерби.