Иако медиумите најавија дека Рома веќе го договорила трансферот на ѕвездата на Аталанта, Франк Кесие, сепак во целата ситуација се замеша Милан.
Имено, „волчицата“ веќе има договор со Аталанта за трансфер на Кесие вреден 28 милиони евра, но сеуште не може да најде заеднички јазик со неговиот агент.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ пренесува дека новиот спортски директор на Милан, Мирабели веќе имал средба со агентот на фудбалерот и доставил финансиски многу подобра понуда.
Во следните денови „росонерите“ ќе испратат официјална понуда до Аталанта од 28 милионие вра во кеш, па во моментов се во предност за пописот на Африканецот.
Кесие е едно од најголемите откритиа оваа сезона во Серија А и веќе го доби епитетот „новиот Јаја Туре“, па многу европски гиганти покажуваат интерес за него.