Дома Топ вести Милан го договори првото засилување, утре пристигнува на прегледи

Милан го договори првото засилување, утре пристигнува на прегледи

Италијанскиот гигант Милан го договори првото засилување за новата сезона, а станува збор за талентот на Лион, Пјер Кулулу.

Кулулу е капитен  на младата француска репрезентација и важи за еден од најголемите таленти. Него му заврши договорот со Лион и реши да ја промени средината.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Милан успеа да ја победи конкуренцијата и се договори со младиот талент, кој игра на позицијата десен бек.

„Екип“ пренесува дека Паоло Малдини лично го убедил 20-годишниот Французин да се пресели на „Сан Сиро“, иако имал понуда и од Баерн Минхен.

Кулулу утре ќе пристигне во Милано на лекарски прегледи, а потоа ќе стави потпис на 5-годишен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…