Дома Трансфер зона Милан во пол-позиција за ѕвездата на Барселона

Милан во пол-позиција за ѕвездата на Барселона

Италијанскиот гигант Милан значително се засили во зимскиот преоден рок, но спортскиот директор Леонардо веќе работи на нови засилувања.

Во јануари на „Сан Сиро“ пристугнаа Лукас Патека и Криштоф Пјонтек за 70 милиони евра и двајцата веднаш се вклопија во тимот на Гатузо и се чини дека „росонерите“ со нив направија полн погодок.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Спортскиот директор Леонардо веќе работи на нови засилувања, а шпанските медиуми откриваат дека следна трансфер цел на Милан ќе биде играчот на Барселона, Малком.

22-годишниот Бразилец минатото лето пристигна во Барселона за 40 милиони евра, но не успева да се избори за голема минутажа, па е спремен да ја промени средината.

Леонардо имал средба со неговите агенти и ги започнал преговорите, па се очекува во наредните недели да испрати понуда до каталонскиот клуб.

„Газета дело Спорт“ денес пренесува дека Леонардо има одлични односи со агентите на Бразилецот и наводно Милан во моментов е во пол-позиција за неговиот потпис.

„Росонерите“ ќе се обидат да го донесат Малком на едногодишна позајмица со откуп за сума помеѓу 40 и 50 милиони евра. Сепак, трансферот многу ќе зависи од тоа дали Милан ќе игра во Лигата на шампиони следната сезона.

За Маком интерес покажуваат и други европски клубови, па Милан сака што е можно побрзо да го договори трансферот за да ја победи конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…