Дома Топ вести Милан во Бенфика ја најде замената за Тонали

Милан во Бенфика ја најде замената за Тонали

Милан е силно заинтересиран за фудбалерот на Бенфика, Флорентино Луис, пренесуваат италијанските медиуми.

„Росонерите“ се во потрага по квалитетен играч за врска кој ќе биде замена за Садро Тонали, а на врвот на листата желби е токму Флорентино Луис.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Бенфика бара најмалку 30 милиони евра за 23-годишниот играч за врска, кој има договор со португалскиот куб до 2027 година. 

Флорентино има одлична сезона зад себе и е еден од најважните играчи на Бенфика, а во Милан веруваат дека ќе биде идеална замена за Тонали бидејќи има одлична техника, но и одлични дефанзивни карактеристики.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…