Младиот плејмејкер на Бреша, Сандро Тонали важи за еден од најголемите таленти на Апенините и за него силен интерес покажуваат многу европски гиганти.
19-годишниот Тонали неоадамна доби повик и од италијанската репрезентација, а во Италија веќе го доби епитетот „новиот Пирло“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За неговиот потпис се заинтересирани сите големи италијански клубови, но Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори со неговиот агент.
Тонали не крие дека од дете е навивач на „росонерите“ и дека сака да заигра на „Сан Сиро“, па токму поради тоа Милан верува дека играчот ќе го избере „црвено-црниот“ дрес.
„Росонерите“ најпрво сакаат да постигнат комплетен договор со играчот, а потоа да започнат преговори со Бреша. Милан е спремен да понуди 40 милиони евра за потписот на Тонали.
Сепак, на „росонерите“ воопшто нема да им биде лесно да ја победат конкуренцијата бидејќи за него силен интерес покажуваат уште Интер, Јувентус, Рома и Наполи.