Дома Македонски спорт Мак баскет МЗТ закажа полуфинале со Блакотехна во Купот на Македонија

МЗТ закажа полуфинале со Блакотехна во Купот на Македонија

Актуелниот македонски шампион, МЗТ Скопје славеше во дуелот против Фени Индустри со 115:68 во рамки на четвртфиналето во Купот на Македонија.

Аеродромци на стартот беа изненадени од одличната игра на Фени кој беше рамноправен противник на самиот старт.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Одличните и прецизни удари на Металците од линијата за три поени се покажаа како клучни, па така на полувреме „Штрковите“ на полувреме имаа предност од 64:49, а потоа убедливо славеа и на крајот.

Во таборот на МЗТ, Крафорд беше најефикасен, додека по 13 поени запишаа Трајковски, Лалиќ и Спасојевиќ. На спротивната страна пак, најефикасен беше Лоухорн со постигнати 23 поени.

По овој триумф во рамки на полуфиналето, МЗТ ќе се соочи против екипата на Блакотехна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…