Дома Фудбал Останато Меси сега однесе победа над Роналдо!

Меси сега однесе победа над Роналдо!

Реномираниот „Форбс“ ја објави листата на најбогати спортисти во 2018 година. Првото место го завзема боксерот, Флојд Мејведер со заработени 285 милиони долари.

Сепак, оние кои се најинтересни секогаш се фудбалерите, тука Кристиано Роналдо го изгуби првото место (помеѓу фудбалерите) и тоа од големиот ривал Лионел Меси.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Лионел Меси изминатата година заработил 111 милиони од кои 84 преку плати и бонуси, а 27 од спонзори.

Португалецот падна на второто место помеѓу фубалерите и трето вкупно. Неговата заработка изнесува 108 милиони евра. Од фудбал заработил 61 милион евра, а 47 од спонзорски договори.

Во првите 10 најплатени спортиси на денешницата од фудбалерите тука е уште Нејмар кој се наоѓа на вкупното петто место со заработка 90 милиони долари (73 од плати, 17 од спонзори). Следен фудбалер на оваа листа е Герет Бејл и тоа дури на 35 место со 34.6 милиони долари приход (28.6 од плата и бонуси, 6 од спонзори).

Иначе, 100-те најплатени спортисти на светот доаѓаат од 23 земји и се натпреваруваат вкупно во 11 спортови. Преовладуваат Американците, ги има дури 65, а најмногу помеѓу првите 100 има кошаркари дури 40.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Готово: Џејдон Санчо се сели во Јувентус

Џејдон Санчо ќе стане нов фудбалер на Јувентус!  Сигурни извори од Италија открија денес д…