Дома Топ вести Меси: Сакав да заминам од Барса, но не добив ниту една понуда!

Меси: Сакав да заминам од Барса, но не добив ниту една понуда!

Лионел Меси за прв пат јавно призна дека сакал да ја напушти и да замине од Шпанија, кога во 2017 година изби скандалот со затајување на данок.

Аргентинецот беше обвинет дека затаил данок во висина од 3,5 милиони евра заедно со неговиот татко, па дури и беше осуден на 21 месец суспендирана затворска казна и мораше да плати 250.000 евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меси не беше единствен со такво обвинение, но сега призна дека размислувал да ја напушти Шпанија, а со тоа и Барселона.

„Во тоа време, со целиот хаос, сакав да си заминам, не затоа што сакав да си одам од Барселона туку затоа што сакав да ја напуштам Шпанија. Почувствував дека на некој начин сум малтретиран и не сакав да останам тука. Сепак, не добив ниту една официјална понуда затоа што веројатно сите знаеја дека длабоко во мене сакам да останам во Барселона“, изјави Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…