Реал Мадрид значително ослабе оваа сезона со продажбата на Кристиано Роналдо, а тоа го искористи Барселона која готово сигурно ќе ја освои титулата во Примера.
Сепак, Меси не изгледа толку среќен што од лигата замина неговиот најголем ривал и јавно призна дека му недостасува Кристиано Роналдо.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Во моментов во светот има многу добри фудбалери. Нејмар, Мбапе, Суарез, Азар...секој од нив може да биде најдобриот во светот. Особено во тој список го вклучувам Кристиано, бидејќи сметам дека двајцата со него сме на исто ниво. Беше забавно да бидеме ривали во иста лига, и покрај тоа што понекогаш тој ме тераше да патам“, истакна Меси.
„Се нервирав кога Реал освојуваше трофеи. Би сакал Роналдо се уште да беше во Шпанија, ми недостасува. Меѓутоа, го почитувам неговиот избор, Јувентус е одличен клуб. Таму има навистина одлични фудбалери и сега се уште посилни со Кристиано“, додаде Аргентинецот.