Дома Фудбал Меси откри која му е „Ахиловата пета“

Меси откри која му е „Ахиловата пета“

Аргентинската супер-ѕвезда на Барселона, Лионел Меси изјави дека сака да биде поефикасен при изведувањето на удари од белата точка.

Тоа е елемент на фудбалската игра врз кој 31-годишниот Меси смета дека треба уште да поработи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Не сум задоволен од пеналите, би сакал да бидам поефикасен. Многу е тешко. Едно е да тренираш пенали, а друго е да ги реализираш за време на натпревар. Тука играат многу фактори. Може да имаш план како да шутираш, но кога ќе дојде моментот е потешко отколку што изгледа“, изјави Меси.

Статистиката на Меси кога се пеналите во прашање и не е така лоша – тој има реализирано 71 пенал од 88 обиди во кариерата.

Сепак, Аргентинецот сака да го доведе до перфекција и изведувањето на пенали, како останатите аспекти од играта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го задржи Мегваер со нов договор

Управата на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Хари Мегваер, соопштуваат разли…