Дома Фудбал Англија Меси од Барселона побара да го купи играчот на Јунајтед!

Меси од Барселона побара да го купи играчот на Јунајтед!

Лионел Меси неводно побарал од Барселона на лето да го купи младиот напаѓач на Манчестер Јунајтед.

Со години наназад се пишува дека Меси често бара од управата на Барселона да донесе некој играч, а сега наводно побарал да го донесат Маркус Рашфорд.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Англискиот репрезентативец имаше добра сезона на Олд Трафорд, иако можеби постои одредена загриженост поради неговиот моментален договор кој му истекува на крајот од следната сезона, а Јунајтед има можност да ја продолжи соработката на уште една година.

Остаува да се види дали играчот сака да остане на Олд Трафорд, а Меси во меѓувреме побарал од клубот да се обиде да го купи играчот против кој играше во четвртфиналето на ЛШ.

Гласот на Меси има голема вредност на Камп Ноу, иако се појавија прашањата дали воопшто е потребен Рашфорд во екипа која има врвни офанзивни играчи.

Барса ја освои Ла Лига, се бори за титулата во ЛШ, додека Рашфорд не може да биде задоволен од сезоната со Јунајтед. Црвените ѓаволи сега се далеку од пласман во ЛШ и токму тоа може да биде причината за промена на средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Крај на една уникатна кариера: Се пензионираше фудбалерот кој направи 51 трансфер

По 28 години активна игра, крај на својата кариера стави Џеферсон Луис (46), фудбалер за к…