Дома Трансфер зона Меси нема намера да го напушта ПСЖ

Меси нема намера да го напушта ПСЖ

Ѕвездата на Пари Сент Жермен, Лионел Меси нема намера да го напушти клубот и следната сезона ќе игра во Париз, пренесува „Мундо Депортиво“.

Меси е решен до крај да го одработи договорот со „светците“, кој е со важност до 2023 година и покрај фактот дека има многу лоша прва сезона во Париз.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Лионел не ја загуби желбата да успее со парижаните и сака да се обиде да ја освои Лигата на шампионите во ПСЖ. Фудбалерот беше изненаден од бројните гласини за негово заминување, бидејќи не ни помислува да го промени тимот“, пишува весникот.

Меси до сега за ПСЖ на 29 натпревари постигна осум гола и даде 13 асистенции. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…