Дома Фудбал Меси не победил само два тима, едниот е третолигаш

Меси не победил само два тима, едниот е третолигаш

Помина една година откако Лионел Меси стана играч со најмногу триумфи во историјата на Барселона.

Меси со победата над Бетис дојде до 477-та победа во кариерата, а интересно е дека Аргентинецот нема победа само над два ривали против кој играл со каталонскиот клуб.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Ќе остане запаметено дека првиот е третолигашот Граманет, кога Меси имаше само 17 години. Тој 2004 година аутсајдерот ја исфрли Барселона од Купот со победа од 1:0.

Другиот клуб кој Меси (се уште) не го победил е Наполи. Единствениот досегашен дуел беше во осминафиналето од ЛШ кога во Неапол мечот заврши 1:1.

Реваншот треба да се игра кога ќе продолжи Лигата на шампиони, па Меси ќе има можност да запише победа и против овој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Газдите обезбедија финансиска гаранција: Лион избегна историски срам

Фудбалскиот клуб Лион останува во најсилната француска лига, откако е прифатена жалбата на…