Дома Фото Меси на прославата за Златната топка покани само двајца играчи на Барселона

Меси на прославата за Златната топка покани само двајца играчи на Барселона

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси во понеделникот ја освои рекордната шеста Златна топка.

Меси оваа година е награден за добрите игри и заслужено е прогласен за најдобар играч на светот. Капитенот на Барселона ги остави зад себе Вирџил ван Дијк и Кристијано Роналдо и сега е осамен на првото место со рекордни шест Златни топки.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинецот синоќа приреди и мала забава по повод освојувањето на оваа престижна награда. Но, како што пишува Мундо Депортиво на истата повикал само двајца соиграчи од Барселона.

На вечерата беа Луис Суарез и Бускетс заедно со сопругите, а била организирана во јапонски ресторан чиј сопственик е Роберт Де Ниро. Се уште не е познато дали Меси ќе организира вечера за сите играчи на Барса кои сигурно му помогнаа да дојде до нова Златна топка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фото

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…