Аргентинскит „волшебник“ Лео Меси потфрли во првите два натпревари од Мундиналот против Исланд и Хрватска.
Меси е жестоко критикуван во својата татковина, а еден од оние кои имаат такво мислење е и Рикардо Ломбарди, кој отиде чекор подалеку и изјави дека Меси треба да биде избркан од репрезентацијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Меси „изеде“ седум тренери. Дури мислам дека намерно одигра лошо за да го фрли во оган Сампаоли. Треба да биде избркан. На Меси не му е грижа за ништо, тој игра како што сака, а не како што ќе му каже тренерот. Сака да биде опкружен со играчи кои тој сам ги бира, а не со најдобрите“, изјави Ломбарди, кој моментално е тренер на Тигре.
Меси вечерва ќе има можност да се искупи доколку Аргентина ја победи Нигерија и се пласира во осминафиналето.