Дома Фудбал Меси и Суарез би можеле повторно да заиграат во ист клуб?

Меси и Суарез би можеле повторно да заиграат во ист клуб?

Лионел Меси се уште не одлучил дали ќе го продолжи договорот со Барселона или на крајот од сезоната ќе си замине без оштета.

Меси уште во текот на летото сакаше да ја напушти Барселона, но тоа не му беше овозможено. Но, на кајот на оваа сезона ако Меси се уште има желба да го напушти клубот Барселона не ќе може да го спречи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во последно време многу се шпекулираше за тоа каде Меси ќе ја продолжи кариерата, а во тој контекс се поврзува со Манчестер Сити и ПСЖ. Меси во неделата имаше интервју за телевизијата „Ла Секста“ и кажа дека одлуката за тоа дали ќе остане или ќе замине ќе ја донесе на крајот од сезоната.

Исто така во споменатото интервју Меси порача и дека еден ден би сакал да игра во МЛС лигата. И не требаше долго за шпанските медиуми да почнат да шпекулираат на оваа тема. Утрово се појави информации дека Луис Суарез и Меси би можеле повторно да заиграат заедно во ист клуб и тоа во клубот на Дејвид Бекам, Интер Мајами.

Меси и Суарез се големи пријатели, а дали и повторно ќе бидат соиграчи ќе покаже времето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…