Барселона вчера конечно го претстави Антоан Гризман како свое ново засилување.
Eдно време се шпекулираше дека Барселона ќе се обиде да го реализира трансферот Лаутаро Мартинез од Интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На Мартинез му порасна цената после одличното издание на Копа Америка, а после тој турнир дојде до бројката од шест голови во 11 настапи за Аргентина.
Ниту Лионел Меси не криеше дека е импресиониран од својот помлад сонародник (Мартинез наредниот месец ќе наполни 22 години) што дополнително ги зголеми гласините за негов можен трансфер во Барселона.
Меѓутоа менаџерот на Мартинез Бати Јанки порача дека тој сигурно нема да го напушти Интер ова лето.
„Лаутаро Мартинез сигурно нема да го напушти Интер, тој едвај чека да почне да работи со Конте. Секако дека е убаво кога ќе ве пофали најдобриот играч во светот. Тоа е посебно задоволство…Лаутаро беше среќе после коментарот на Меси и тие му дадоа дополнителна желба да работи напорно за да ги оствари своите цели“.
„Меѓутоа тој мисли само на Интер. Конте го повика и му објасни дека многу смета на него. Навистина, постоеше интерес од Барселона, но никој од клубот нас не не повика. Јас би ви го кажал следново: Ако Меси сака да игра со Мартинез нека дојде во Интер“, порача агентот на Лаутаро.