Дома Фудбал Меси доби две награди и порача: Ова е најнеизвесната сезона!

Меси доби две награди и порача: Ова е најнеизвесната сезона!

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси денес беше одличен со наградата „Алфредо ди Стефано“ за најдобар фудбалер во Примера за сезоната 2017/18.

Аргентинскиот волшебник денес во Мадрид ја доби наградата која ја доделува „Марка“, а притоа ја зеде и наградата за најдобар стрелец во Примера со своите 34 гола.

„Оваа сезона е најнеизвесната од било која друга. Тоа е одлична вест за фановите бидејќи натпреварите се многу понеизвесни“, изјави Меси.

Јан Облак ја доби наградата за најдобар голман во Примера, а Јаго Аспас ја зеде награда за најдобар шпански стрелец.

За најдобар тренер наградата ја доби стратегот на Валенсија, Марселињо кој победи во трката со Симеоне за само еден глас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Премиер лигата жестоко за Манчестер Сити: „Ова е најзначајниот дисциплински случај во историјата“

Извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс, даде остар коментар по одлуката на н…