Дома Фудбал Меси го нема, главен диригент на Барселона е – Малком! (ВИДЕО)

Меси го нема, главен диригент на Барселона е – Малком! (ВИДЕО)

Барселона во овој момент го игра натпреварот против Виљареал на гостински терен.

Ернесто Валверде се одлучи за овој натпревар да го одмори Лионел Меси. Меѓутоа и без него на теренот Барселона игра одлично и после 15 минути игра Барселона има водство од 0:2.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Посебно е интересно кој човек е најзаслужен за ова водство за Барселона – Малком! Бразилецот добиваше голем број критики од кога дојде во Барселона, но вечерва изгледа се неговите „пет минути“.

Малком прво му асистираше на Кутињо во 12-тата минута, а четири минути подоцна го искористи нафрлувањето на Видал и самиот се запиша во листата на стрелци.

Виљареал во 23-тата минута после една одлична акција успеа да намали на 1:2 и најави супер интересен натпревар.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите на Сити го критикуваат Халанд: Подобри сме без тебе

Навивачите на Манчестер Сити изразија жестока критика кон напаѓачот Ерлинг Халанд, откако …