Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Меси го „брка“ рекордот на Матеус

Меси го „брка“ рекордот на Матеус

Вечерва Аргентина ќе игра против Полска и се надева дека ќе обезбеди пласман во следната фаза на Светското првенство.

Аргентинците ги разочараа своите фанови на стартот од Мундијалот со поразот од Саудиска Арабија, меѓутоа потоа се вратија во игра за осминафинале со победата против Мексико. За пласман во следната фаза на „Гаучосите“ им е потребна победа против Полска.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Во минатото коло Меси го постигна својот осми гол на Светските првенства и така се изедначи со Диего Марадона по бројот на постигнати голови. Ако постигне гол вечерва Меси ќе го помине Марадона, но исто така продолжува да се доближува до рекордот на Лотар Матеус.

Матеус е играчот со најмногу натпревари на Мундијалите (25), Меси во овој момент има 21 и му недостасуваат уште четири.  Зад Матеус со 25 меча е германската легенда Мирослав Клосе со 24, Паоло Малдини има 23, а Диего Марадона, Уве Зелер и Владислав Жмуда по 21.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Реакцијата на Мбапе на ремек-делото на Рајс од најдобар агол: Не можеше да си поверува (Видео)

Страстите сè уште не стивнуваат по победата на Арсенал и мајсторијата на Деклан Рајс во по…