Кристиано Роналдо и Лионел Меси од минатото лето не играат во иста лига, но нивното ривалство и понатаму трае, споредбите помеѓу Португалецот и Аргентинецот се уште ги има.
Меси вчера постигна гол во спектакуларниот натпревар помеѓу Виљареал и Барселона кој заврши без победник 4:4, додека Роналдо не настапи во натпреварот на Јувентус против Каљари кој „старата дама“ го доби со 0:2.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Голот за Меси вчера беше негов 415-ти во кариерата со што изби пред Роналдо кој сега е за него со 414 погодоци.
Меси сите голови ги постигна ги постигна во дресот на Барселона, додека Роналдо тоа го направи за три клуба. Своите голови Португалецот ги распредели на следниот начин: 311 постигна за Реал Мадрид, 84 за Манчестер Јунајтед и 19 има во неговиот актуелен клуб Јувентус.
Треба да се спомене и дека Роналдо постигна три гола додека играше за Спортинг Лисабон каде што ја започна кариерата, но португалското првенство не е помеѓу најсилните пет во Европа и поради тоа тие три гола на Роналдо не се пресметани.
Во оваа споредба се бројата само головите постигнати во првенствата, погодоците во куповите, европските натпреварување и репрезентациите не влегуваат во конкуренција.
Оваа трка помеѓу Роналдо и Меси многу веројатно ќе биде актуелна уште долго време, а ќе видиме кој на крајот ќе остане на врвот.