Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас триумфираше денеска во трката за Големата награда на Јапонија, а со тоа му ја донесе на својот тим шестата титула кај конструкторите.
Финецот имаше одлично темпо, ривалите не можеа да го следат, па тој рутински стигна до победа на ГН на Јапонија и ја запиша шестата победа во кариерата, трета оваа сезона, а прва на патеката „Сузука“. Фетел и Хамилтон заостануваа +11.376 и +11.786.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Луис Хамилтон со 338 бода води во пласманот, пред неговиот тимски колега Ботас со 274 и Леклер со 223.
Иако битката ќе продолжи со следната трка во Мексико на 27 октомври, само Хамилтон или Ботас можат да бидат прогласени за шампиони во Формула 1, бидејќи сите други возачи се математички надвор од трката.
LAP 53/53: ?
— Formula 1 (@F1) October 13, 2019
TOP 10
BOT
VET
HAM
ALB
SAI
LEC
RIC
GAS
PER
HUL#JapaneseGP ?? #F1 pic.twitter.com/xWxlS6JF5r