Ѕвездата на Наполи и белгиски репрезентативец, Дрис Мертенес влезе во последната година од договорот и на лето ќе биде слободен играч.
Мертенс во 2013 година пристигна во Наполи и се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во Серија А и Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, големи се шансите на лето двете страни да се разделат, бидејќи нема најави за продолжувње на соработката.
„Не знам каде ќе ме однесе патот во иднина. Сега ми е главна цел да имам добра сезона во Наполи, а после ќе видам. Имам уште седум месеци од договорот и во овој момент не знам каде ќе играм следната сезона“, изјави Мертенс.
Мертенес на лето ќе има полни 33 година, веќе има понуди од Кина, но и од неколку европски клубови.