Агентот на Кристиано Роналдо, Жорге Мендеш за „Скај Спорт“ откри дека еден кинески клуб е спремен да му плати на Реал Мадрид оштета од 300 милиони евра за потписот на Кристиано Роналдо.
Кинезите дефинитивно направија бум на трансфер пазарот и плаќаат астрономски суми за фудбалски ѕвезди, па нема да жалат пари и за најдобриот фудбалер на планетава.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Имено, станува збор за трансфер кој ќе биде преку милиарда евра, бидејќи клубот на Роналдо му нуди годишна плата од неверојатни 150 милиони евра.
Агентот на Португалецот, Жорге Мендеш потврди дека кинески клуб е спремен да му плати 300 милиони евра на Реал Мадрид, а на Роналдо му нуди договор кој ќе тежи 150 милиони евра по сезона.
„Кинескиот пазар е нов пазар, можат да купат многу фудбалери, но мислам дека е невозможно да го добијат Роналдо. Кристиано е најдобриот фудбалер на светот и нормално е да се појават вакви понуди. Клубот понуди 300 милиони за Реал и 150 милиони годишно за Роналдо“, потврди Мендеш.