Последен ден, не престануваат гласините за евентуалниот трансфер на Сергеј Милинковиќ-Савиќ во Милан.
Сега се појавуваат приказни дека Лотито ќе ја прифати позајмицата од 40 милиони со право на откуп, а потоа ќе го земе Клаудио Маркизио кој денеска го раскина договорот со Јувентус. Но, тоа се шпекулации, Маркизио рече дека нема да игра за друг италијански клуб, а што се однесува на Сергеј е нерално, дека поради ФФП Милан ќе ја плати позајмицата толку, иако Елиот има пари.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, ќе почекаме уште 20 часа, но пренесуваат дека Матеја Кежман го шокира Лацио. Имено, се зборуваше дека Милинковиќ-Савиќ ќе биде награден со нов договор, и дека ќе стане со 3 милиони годишно најплатен играч во кариерата на Кладуио Лотито. Но, наводно менаџерот на српскиот играч бара помеѓу 5 и 6 милиони по година, што ги шокираше Римјаните.