Дома Останати Тенис Медведев по голем пресврт и четири часа борба закажа финале со Синер 🎥

Медведев по голем пресврт и четири часа борба закажа финале со Синер 🎥

Рускиот тенисер Данил Медведев ќе биде противникот на Јаник Синер во финалето на Австралија Опен.

Медведев денеска направи голем пресврт и се врати од тешка позиција за победа од 3:2 (5:7, 3:6, 7:6, 7:6 и 6:3). За Медведев ова ќе биде трето финале на Австралија Опен и ќе се обиде да дојде до својот прв трофеј, но против одличниот Синер сигурно нема да му биде лесно.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Зверев одлично го почна денешниот меч и ги доби првите два сета со 7:5 и 6:3, а во тие моменти се изгледаше дека е на негова страна. Сепак, во продолжение Русинот го крена нивото на игра и обезбеди финале.

Третиот и четвртиот сет ги освојуваше во тај-брејк, во тој период двајцата беа одлични на свој сервис, а Медведев излегуваше како победник во тајбрејкот.

Тие два добиени сета беа голем психолошки мотив за Медведев кој во одлучувачкиот сет прикажа уште подобра игра и си закажа финале каде што го чека Јаник Синер кој денес го елиминираше Новак Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…