Дома Останати Тенис Медведев е првиот полуфиналист во Торино

Медведев е првиот полуфиналист во Торино

Рускиот тенисер Данил Медведев и официјално обезбеди пласман во полуфиналето на завршниот Мастерс во Торино откако вечерва го победи Александар Зверев со 2:0.

Мечот траеше 107 минути, а Зверев ја испушти својата шанса во тај-брејкот од првиот сет. Германецот водеше со 4:1, потоа и со 6:5 на свој сервис, меѓутоа не ја искористи сет топката и тоа скапо го чинеше.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Следуваа неколку размени на водството, повторно Зверев загуби поен на свој сервис сега при резултат 8:7 за Медведев, па така Русинот дојде до водство од 1:0.

Вториот сет донесе изедначена игра до 4:4, потоа Медведев поведе со 5:4 и на сервис на Зверев дојде до првиот брејк и победата во овој меч.

Вториот полуфиналист од оваа група ќе биде познат по натпреварите од последното коло кое се игра во петок и во него Медведев ќе игра против Алкараз, додека Зверев го чека Рубљов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Обвинувања за Ѓоковиќ: Ќе провоцира 340.000 Албанци!

Веќе е познато дека Новак Ѓоковиќ ќе настапи на турнирот од серијата АТП 250 во Женева кој…