Идниот претседател на Победа, Небојша Стојковиќ и Спортскиот директор Јане Николоски денес го преставија новиот член на Стручниот штаб-Тони Мегленски.
Мегленски по една година се враќа во клубот каде помина најголем дел од својата кариера, а му остана верен и во најтешките моменти и се натпреваруваше во Третата лига.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како капитен ја предводеше Победа на патот кон враќањето во Првата лига подгигнувајќи ги пехарите за освоеното 1-во место и во Третата и во Втората лига.
Мегленски со Победа беше шампион на Македонија 2003-2004 и 2006-2007 и победник во Купот на Македонија во сезоната 2001-2002. За Победа одигра над 250 првенствени натпревари а постигна 23 голови.
Има и 3 настапи за сениорската А репрезентација на Македонија во кфалификациски и 8 во пријателски натпревари. Со своето богато искуство и авторитет несомнено ќе го подигне нивото на квалитетната стручна работа со екипата.
„Со задоволство ја прифатив понудата која не можев да ја одбијам да помогнам на Победа. И во минатото секогаш сум бил со клубот и сум помагал во неговите најтешки денови. Ќе бидам на располагање со сето мое знаење и искуство да помогнам, иако постои можност за интернационален тренерски ангажман“, изјави Мегленски.