Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе ја оквалификува како „лажна вест“ информацијата дека составил листа од 14 имиња кои треба да заминат од клубот.
Според изданието на „Мундо Депортиво“, на „црната листа“ на Мбапе се тренерот Маурисио Покетино, бразилската ѕвезда Нејмар, Мауро Икарди, Јулијан Дракслер, Тило Келер, Леандро Паредес, Андер Ерера, Данило Переира, Хуанезе Переира, Пабло Сарабија, Колин Дареа, Серхио Рико и Ливеин Курзава.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
По потпишувањето на новиот договор со „светците“ медиумите објавија дека дека тој ќе има поголемо влијание во клубот и ќе може да ја одредува неговата политика.
Самиот Мбапе негираше каква било желба да влијае на кадровските одлуки на ПСЖ.
FAKE ❌
— Kylian Mbappé (@KMbappe) June 2, 2022